17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриската тајна служба e во криза, откриени низа неправилности

Австриската служба за заштита на уставноста и борба против тероризам се наоѓа во длабока криза, пишуваат австриските медиуми.

Виенскиот дневник „Естерајх“ наведува дека на тајната служба ѝ се заканува прекин на соработката со пријателските служби.

Весникот, како што се наведува, се повикува на анализа на „Бернскиот клуб“ – здружение на европски разузнавачки служби, кој надлежниот министер сака да го држи во тајност, што дополнително укажува на голем број неправилности во службата.

„Ако нашите колеги од цела Европа немаат повеќе доверба во нас, тогаш тајната служба ќе има сериозен проблем, а на тој начин и сите Австријци“, оценува неименуван извор од истрагата.

Тој додал дека е сè поприсутна недовербата на странските служби во австриската бидејќи, како што објаснил, таа премногу бавно реагира на укажаните проблеми, а постојат и обиди на сокривање анализи.

Извештајот на „Бернскиот клуб“ ја критикува посебно сајбер-безбедноста во тајната служба. Во извештајот се наведува дека хакери можат да упаднат во ИТ-системот на тајната служба, со што би биле загрозени најчувствителните податоци на сите европски служби во тајниот систем „Посејдон“./Makfax