17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Париз ќе бара помош од Москва за Нотр Дам

На Франција можеби ќе ѝ биде потребна стручна помош од Русија во обновата на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави амбасадорката на земјата во Москва.

„Пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на Русија што изрази загриженост за овој трагичен пожар. Ние формиравме агенција во Париз која работи на реставрација на катедралата Нотр Дам и таа ќе ја контактира Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Ние сме подготвени да повикаме експерти во Париз“, рече Силви Берман.

Познатата катедрала од 12. век делумно изгоре во голем пожар на 15 април. Кулата и голем дел од покривот беа уништени, додека остатокот од зградата како и уметничките дела и реликвии беа зачувани.

Причините за пожарот не се познати. Постои сомнение дека бил предизвикан или од краток спој во електричната инсталација или од запалена цигара./Makfax

Спонзорирано: