5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Германија спасени 38 рудари кои беа заробени 700 метри под земја

Спасени се 38 рудари кои беа заробени по експлозија во рудник за калиум во Источна Германија, јавија тамошните медиуми.

Двајца рудари се повредени, а сите се извлечени од длабочина од околу 700 метри.

По експлозијата, тие се наоѓале во безбеден сектор на рудникот во Тојтшентал, кој се наоѓа на околу 150 километри југозападно од Берлин.

Администрацијата за рударство соопшти дека еден од повредените е во тешка состојба, а другиот е само полесно повреден.

За рудникот се вели дека веќе не е активен, но се користи за депонирање минерален отпад./Makfax