5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон не гледа друга опција освен партнерство меѓу Русија и Европа

Откако вчера направи вистинска мешаница велејќи дека НАТО е пред смрт, а ЕУ се распаѓа, францускиот претседател зборуваше и за Русија.

Емануел Макрон смета дека има три можни сценарија за стратешки развој на Русија.

Во истото интервју за британски „Економист“, францускиот претседател вели дека сегашниот модел за развој на Русија е нестабилен поради забрзаниот процес на вооружување, како и демографските и економските проблеми.

Првата варијанта на развој, според Макрон, е Русија да го врати статусот на суперсила.

Според него, тоа ќе биде многу тешко, со оглед на проблемите споменати погоре, како и конзервативниот политички и идеолошки модел што постои во земјата.

Сепак, тој додаде дека некои погрешни пресметки од страна на Западот дале одреден импулс на ваквиот развој.

Другата варијанта, според францускиот претседател, е евроазискиот модел, но Кина ја прави ваквата варијанта нестабилна.

Третиот и најверојатен модел, вели Макрон, а тоа е политика на обновување на балансираната политика со Европа.

Долгорочно, Макрон не гледа друга опција освен партнерство меѓу Русија и Европа.

Руските власти вчера беа единствените со позитивна оценка за интервјуто на Макрон, во кое тој наведува дека НАТО е пред смрт, а ЕУ се соочува со тотален колапс./Makfax