22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешни вработени во „Твитер“ обвинети дека шпионирале за Саудиска Арабија

Двајца поранешни вработени во „Твитер“ и трето лице од Саудиска Арабија се соочуваат со обвиненија во САД за шпионирање на кориснички сметки и неовластено проследување на лични информации до саудиското кралско семејство во замена за пари и други награди.

Али Алзабара и Ахмад Абумамо, поранешни вработени во „Твитер“, и Ахмед Алмутаири, кој во тоа време работел за саудиското кралско семејство, се обвинети за нарушување на личните информации на корисниците, како што се приватни телефонски броеви и адреси.

Покрај тоа што повторно го сврте вниманието на јавноста за прашањето како компаниите во Силиконската долина ги штитат личните информации што ги собираат од своите корисници, вклучително и од вработените кои немаат легитимна причина да пристапат до такви информации, случајот фрла светло и на Саудиска Арабија, сојузник на САД, кој одржува блиски врски со претседателот Доналд Трамп.

Според жалбата поднесена против него, Абумамо во текот на 2015 година собирал информации на лица кои го критикувале кралското семејство во Саудиска Арабија.

„Твитер“ го открил неовластениот пристап на Алзабара на крајот на 2015 година. Тој добил отказ, но не пред тоа успеал да собере податоци од повеќе од шест илјади корисници, вклучувајќи 33 лица за кои саудиските власти формално побарале информации./Makfax

Спонзорирано: