4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Протерани двајца државјани на Северна Кореја, убиле 16 рибари

Јужна Кореја објави дека депортирала двајца државјани на Северна Кореја, откако било утврдено дека убиле 16 колеги рибари и избегале во Јужна Кореја.

Министерството за обединување на Јужна Кореја објави дека двајца државјани на Северна Кореја биле пронајдени во чамец јужно од морската граница.

Истрагата подоцна утврдила дека убиле 16 колеги и избегале во Јужна Кореја, се вели во соопштението на јужнокорејското министерство.

Портпаролот на Министерството, Ли Санг-мин, изјави дека тие денес биле протерани од Јужна Кореја и дека претходно за тоа бил известен Пјонгјанг.

Деталите за убиството на рибарите сè уште не се познати./Makfax