16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ирачанец во Шведска обвинет за шпионирање за Иран

Шведското обвинителство соопшти дека 46-годишниот Ирачанец е обвинет за шпионирање за Иран така што собирал информации од ирански бегалци во Шведска, Белгија и Холандија.

Според обвинителот Ханс-Јорген Ханстром, човекот, чиј идентитет не бил откриен, за потребите на Иран собирал лични информации за арапските Иранци, познати како Ахвази, а тоа го сторил претставувајќи се како новинар за арапски портал./Makfax

Спонзорирано: