9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Лавров: Новата грчка влада шанса за нови односи меѓу Атина и Москва

Формирањето на новата грчка влада отвори нови можности за подобрување на односите меѓу Москва и Атина, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој го рече дека ова на почетокот на средбата со грчкиот колега Никос Дендијас.

„Агендата на нашите односи е доста богата, односите се развиваат на сите полиња од економија до хуманитарна соработка. По доаѓањето на вашата влада, се создадоа можности да се разгледа целиот комплекс на односи и да се договориме за начините на нивното зајакнување“, му рече Лавров на Дендијас./Makfax