20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хутите соборија американски дрон на границата со Саудиска Арабија

Јеменската бунтовничка група Хути, поддржана од Иран, соопшти денеска дека собориле американски дрон на границата со Саудиска Арабија.

Веста ја објави портпаролот на Хутите, Јанхја Саре, кој рече дека Хутите го собориле шпионско летало познато како „Скен игл“, кое спроведувало шпионски и непријателски операции во близина на саудиската провинција Асир.

Групата не објавила фотографии ниту видеа за да го докаже тоа, а немало коментари ни од американска страна.

Во последните месеци, Хутите собориле најмалку два американски дрона./Makfax