14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Урнати згради и пет жртви – нов силен земјотрес ги погоди Филипините

Најмалку пет лица загинаа во денешниот земјотрес на Филипините, со јачина од 6,8 степени.

Денешниот е трет силен земјотрес во областа од 16 октомври досега, а властите соопштија дека се урнале неколку згради кои биле оштетени во претходните потреси. Се урнал и хотел во кој имало многу канцеларии, но во зградата немало луѓе.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте за време на потресот се наоѓал во родниот град Давао, во близина на епицентарот, но неговиот портпарол соопшти дека не е повреден./Makfax