Секогаш во средиштето на збиднувањата...

„Фиат“ и „Пежо“ стануваат една компанија

Управните одбори на „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ го одобрија спојувањето на двете компании, а заедничката фирма ќе стане четвртиот најголем производител на автомобили во светот со очекуван годишен приход од околу 170 милијарди евра.

Кога ќе заврши процесот на спојување, првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварез, ќе биде извршен директор на новата компанија, додека претседателот на „Фиат Крајслер“, Џон Елкан, ќе биде на истата функција.

Одлуката за спојување на италијанскиот и францускиот производител на автомобили е донесена пет месеци откако пропадна обидот на „Фиат“ да се соедини со „Рено“./Makfax

Во тренд…