18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Могерини во вторник ќе организира средба со лидерите од Западен Балкан

Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини, во вторник (29 октомври) ќе организира работна вечера со лидерите од Западен Балкан, дознава агенцијата „Танјуг“ од извори во Брисел.

Работната вечера ќе биде организирана во Брисел и поканети се лидерите на сите шест земји партнери од Западен Балкан, соопштиле од Европската комисија.

Според оваа најава, на средбата би требало да присуствуваат претставници од државниот врв на Албанија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Србија./Makfax

Спонзорирано: