Centar.mk
ЛОКАЛНО

Викендов ќе бидат затворени автобуските постојки околу зградата на МРТ

Претстојниот викенд, 26 и 27 октомври, во периодот од 7 до 17 часот поради одржување на кружна автотрка пред МРТ, автобуските постојки во тој реон ќе бидат надвор од употреба, соопшти ЈСП.

Автобуските линии 12 и 73 наместо „Скопски саем-Т“, за крајна постојка ќе ја користат постојката „Бит-пазар -Универзитет ‘Свети Кирил и Методиј‘“ (постојка на линија 57), а како почетна постојка ќе ја користат постојката „Бит-пазар 5-ТЦ Мавровка“ (постојка на линија 2).

Можеби ќе ве интересира

Советникот Матевски: ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиканство, советниците на СДСМ со иницијатива за субвенциониран оброк во цело Скопје

ДЕСК

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО ОХРИД И СТРУГА – Еве каде ќе има застои и забрана за паркирање

ДЕСК

ДЕЛ ОД КАРПОШ БЕЗ СТРУЈА ОД 9 ЧАСОТ – Денеска планирани прекини во Козле и на „Варшавска“

ДЕСК