17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Норвешкиот шпион осуден на 14 години може да биде ослободен

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Норвежанецот Фроде Берг, кој во април пред судот во Москва беше прогласен за виновен за шпионажа и осуден на 14 години затвор, би можел да се врати дома во секој момент.

Според видеото што е објавено на каналот на руското Министерство за надворешни работи, Лавров ова им го кажал на новинарите кога пристигнал во арктичкиот град Киркенес, Норвешка, на 75-годишнината од ослободувањето на Црвената армија од германската контрола.

Руската комисија во четвртокот му препорача на претседателот Владимир Путин да го помилува Фроде Берг, со што ги зголеми надежите во Норвешка дека ќе биде ослободен како дел од размена на шпиони.

Берг, норвешки граничен инспектор, беше уапсен во Москва во декември 2017 година. Тој е обвинет дека собрал информации за руски нуклеарни подморници за норвешка разузнавачка агенција и беше осуден на 14 години затвор.Тој се изјасни за невин по обвиненијата./Makfax

Спонзорирано: