7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Уште 300 припадници на руските воени сили распоредени во Сирија

Русија испрати уште 300 воени полицајци од Чеченија во Сирија за извршување посебни задачи во зоната од 30 километри на сириско-турската граница, објави денеска руското Министерство за одбрана.

„Околу 300 воени полицајци од вооружените сили на Руската Федерација стационирани во Чеченската Република пристигнаа во Сирија да извршуваат посебни задачи“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.

Воените полицајци ја напуштиле Русија од аеродромот во Северна Осетија.

Нивната задача ќе биде да патролираат во реонот на сириско-турската граница и да помогнат при повлекувањето на Курдите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со рускиот колега Владимир Путин во вторникот постигнаа договор за поделба на контролата над североисточна Сирија, при повлекување на курдските борци по целата должина на сириско-турската граница.

Според договорот, Турција ќе ја задржи контролата над областите во кои влезе од почетокот на офанзивата на Сирија, а руските и сириските трупи ќе го контролираат остатокот од границата.

Путин и Ердоган исто така се согласија дека нивните трупи ќе спроведат заеднички патроли во пограничното подрачје./Makfax

Спонзорирано: