18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Загина тракторист кај Македонска Каменица

Жител на селото Тодоровци кај Македонска Каменица загинал откако се превртел тракторот што го управувал.

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 23 октомври на местото викано Памарска Маала во Македонска Каменица.

Трактористот на возраст од 47 години починал на местото на настанот откако се превртел неговиот трактор.

По инцидентот бил извршен увид од увидна екипа од полициската станица во Македонска Каменица./Makfax