8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Мексико 13 загинати вo жестоките престрелки поради апсењето на синот на Ел Чапо

Бројот на жртви во престрелката иницирана од членови на мекискански наркокартел се зголеми на 13, соопштија властите во западната мексиканска држава Синалоа.

Државното обвинителство отвори истрага за 13 смртни случаи во градот Кулиакан.

Пукањето се случи во Кулиjакан минатата недела, додека армијата и полицијата се обидуваа да го фатат Овидио Гузман, син на наркобосот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо.

Под притисок на жестокиот напад на картелот, официјалните власти на крајот го ослободија Овидио за да се избегне натамошно крвопролевање, бидејќи во градот се собраа голем број вооружени припадници на криминалната банда.

Младиот Гузман се бара поради обвинение за трговија со дрога со САД./Makfax

Спонзорирано: