18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вооружен маж украл возило на Брза помош и удрил во пешаци во Норвешка, при што повредил неколку лица

Неколку луѓе се повредени во главниот град на Норвешка кога во пешаците удрило возило на Брза помош кое било украдено.

Според норвешката агенција НРК, меѓу повредените е и едно бебе.

Норвешката полиција пукала кон возилото додека сè уште се движело, а осомничениот е уапсен. Тој бил вооружен и не претрпел сериозни повреди за време на апсењето.

Две лица, наводно, биле вклучени во кражбата на возилото на Брза помош. Во потрага по второто лице се блокирани сите околни улици, а теренот го пребаруваат и хеликоптери./Makfax