8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тригодишното синче го полеала со врела вода затоа што се измочкал кај што не треба

Мајка на четири деца признала дека во семејната куќа во Њу Џерси го полеала своето синче со врела вода затоа што сакала да го казни за „лошо дело“.

Патриша Бучан (29) рекла дека му наредила на детето да се соблече, го ставила во када и истурила лонец врела вода врз долниот дел од неговото тело.

Тоа го сторила, како што тврдела жената, затоа што детето се измочало на подот од спалната соба.

„Тоа дете живеело во неговиот дом првите три години“, рекол помошникот на обвинителот во округот Есекс, Мајкл Морис.

Бучан во куќата на ужасот живеела со пет возрасни лица, меѓу кои и нејзината мајка Мери (55) и сестрата Бриџит (23). Тие систематски почнале да го малтретираат детето уште од јули 2018 година.

Уште петмина се соочуваат со обвиненија за тежок напад и загрозување на деца.

Обвинителите вели дека злоупотребата вклучувала „систематско и координирано тепање“ на момчето со појас, тупаници и вода што врие.

Тригодишникот прво бил хоспитализиран, а кога закрепнал од повредите, бил однесен во заштитен притвор. Медицинска сестра за предучилишни деца открила изгореници и плускавци на нозете на момчето./Makfax