8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Торнадото во Далас профучи недалеку од имотот на Буш

Торнадото, кое предизвика големи штети во северниот дел на Далас, во сојузната американска држава Тексас, профучело недалеку од домот на поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот и неговата сопруга Лора.

Куќата на Буш не е оштетена, а нивниот портпарол Фреди Форд во изјава рече дека тие се безбедни и се молат за останатите кои не биле толку среќни.

Десетици илјади домови и продавници во Далас останаа без струја поради торнадото што го погоди градот.

Ветровите што го погодија Далас достигнале брзина од 140 километри на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е вонредна состојба поради елементарна непогода.

Неколку куќи биле сериозно оштетени недалеку од аеродромот, додека самиот аеродром не претрпел материјална штета.

Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои двајца тинејџери кои починале од труење со јаглерод диоксид додека се обидувале да вклучат осветлување, додека едно лице загинало кога дрво паднало врз куќа.

На аеродромите во северен Тексас и Арканзас се откажани летовите, како и на меѓународниот аеродром во Далас./Makfax