17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обвиненија за убиството на словачкиот новинар и неговата вереница

Словачките власти денес обвинија четири лица за убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата вереница Мартина Куснирова во 2018 година, што предизвика протести против корупцијата на највисоко ниво и доведе до оставка на тогашниот премиер Роберт Фиц.

Портпаролката на државниот правобранител соопшти дека вкупно шест обвиненија се поднесени во врска случајот, вклучувајќи и убиство со предумисла.

Првиот осомничен е Марјан Коцнер, претприемач со политички врски кој бил главна тема во извештајот за корупција на Кучијак, а за кој обвинителството смета дека го нарчал убиството.

Тројца осомничени, меѓу кои и Коцнер, се изјаснија за невини, додека четвртиот призна дека го застрелал Кучијак.

Младиот, 27-годишен новинар и неговата вереница беа застрелани во нивниот дом надвор од Братислава во февруари минатата година./Makfax

Спонзорирано: