17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мигранти во Малта палеле автомобили, повреден еден полицаец

Мигранти во Малта запалиле неколку автомобили на вработени во центарот за мигранти во кој се сместени. Во протестот во кој барале да бидат слободни повреден е еден полицаец, a уапсени се најмалку 40 мигранти, пренесуваат локалните медиуми.

Насилството избувнало синоќа во поранешната касарна на британската армија во Хал Фар, во близина на аеродромот. Мигрантите ја презеле контролата врз комплексот, но полицискиот портпарол утринава соопшти дека ситуацијата е ставена под контрола.

Центрите за прием и притвор на мигрантите во Малта се под притисок откако неколку стотици мигранти пристигнаа во земјата во текот на летото. Многумина од нив се донесени на овој остров во согласност со договорот со другите членки на ЕУ за нивното распоредување, а ресурсите за нивно сместување се максимално искористени.

Очевидци рекле дека мигрантите во Хал Фар запалиле неколку простории и автомобили кои припаѓаат на персоналот на комплексот. Оштетен е и еден полициски автомобил, а полесно е повреден еден полицаец.

Земјите-членки на ЕУ се во спор околу распоредувањето на мигрантите кои пристигнуваат во Европа уште од големиот бран од 2015 година. Малта и соседна Италија се жалат дека останале сами да се грижат за стотиците илјади мигранти кои го минале Средоземното Море последниве години во потрага по подобар живот во Европа./Makfax

Спонзорирано: