5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

100 илјади евра украдени од комбе на аеродромот во Дубровник

Сто илјади евра се украдени утрово од комбе на аеродромот во Дубровник, со кое обезбедувањето пренесувало пари на аеродромскиот фри-шоп.

Грабежот се случил околу 7:30 часот. Како што јавуваат медиумите, во тек е потрага по ограбувачите коишто биле вооружени со пиштоли и кои побегнале со мотор.

Аеродромот во Дубровник го обезбедуваат полицајци. Крадците очигледно знаеле кога точно ќе помине комбето, па го пресретнале пред зградата на администрацијата на аеродромот Дубровник./Makfax