14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курдите ја обвинуваат Турција за бомбардирање цивили

Сириските демократски сили предводени од Курдите денес ја обвинија Турција за бомбардирање на области населени со цивили, кршејќи го договорениот петдневен прекин на огнот.

„И покрај договорот да се стави крај на борбите, турската авијација и артилерија продолжуваат да ги напаѓаат позициите на нашите борци и цивилните населби“, рече портпаролот на сириските демократски сили Муастафа Бали.

Тој додаде дека турските сили го бомбардирале пограничниот град Рас ал Аин.

Британска агенција претходно објави дека се слушаат експлозии од гранати и пукање во областа на градот, еден ден откако Турција постигна договор со САД за петдневно запирање на офанзивата за да може силите предводени од Курдите да се повлечат./Makfax