Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Избрани добитниците на наградата „13 ноември“ на Град Скопје 2019

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по спроведеното тајно гласање и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2019 година. Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2019 година се:
Од областа на науката е Проф. д-р Христина Спасевска, Професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии „Универзитет Свети Кирил и Методиј“- Скопје, за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Од областа на хуманитарната активност е д-р Жикица Ѓорѓиевски, Д-р стоматолог, за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик.

Од областа на културата е д-р Дита Старова Ќерим, Директор на Националната галерија, за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје.

Од областа на уметноста е Фросина Зафировска – кустос советник во пензија, за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот.

1.Бисера Чадловска – Диригент, за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.

Од областа на публицистиката, Ерина Богоева-Фотограф, за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“.

2.Александар трајковски – Музички педагог, истражувач и публицист, за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата “Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар“.

Од областа на спортот:

1.Карате клуб Работнички Скопје, Правно лице, за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план.

2. Алили Бесир, сСпортист-борење, за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети.

Ученици и студенти:

1.Ана Марија Атанасовска, ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје, за постигнати резултати во воннаставни активности.

2. Стефан Стојковиќ

Ученик во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин “-Скопје, за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Во тренд…