8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Со автомобили се тркале низ англиски град и усмртиле мајка на пет деца

Две момчиња се осудени на затвор, поради диво возење во Виган, Англија и причинета сообраќајна несреќа во која загинала мајка на пет деца, додека нејзиниот сопруг и две девојчиња се повредени.

Џозеф Повнал (27) со своето возило го бркал 21-годишниот Левис Фишер, возејќи 110 километри на час во област каде што максимално дозволената брзина била 50 километри на час. Во еден момент Повнал со својот „мерцедес“ налетал на автомобил „поло“ во кој биле 34-годишната Џоана Колинџ, нејзиниот сопруг и нивните две ќерки, при што се случил тежок судир.

Џоана починала во болница поради сериозноста на повредите, сопругот се здобил со скршеници на градниот кош, ребрата и подлактиците, а повредени се и нивните две ќерки.

Повнал е осуден на 12 години затвор, додека Фишер на 11 години./Makfax