18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Египетските археолози ископале 20 насликани саркофази

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофаги во близина на градот Луксор, на кои сè уште се видливи декорации во силни бои.

Саркофазите биле откриени во некрополата Асасиф лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг.

Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече „едно од најголемите и најважните“ во последните години.

Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 година п.н.е.) од антички Египет./Makfax