Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“

На 22 октомври (вторник) со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ./Makfax