17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат дека во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и „1ТВ“, не смее да направи промена на сопственичка структура пред таа да биде одобрена од страна на Агенцијата.

Воедно, додаваат од АВМУ, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена.

„Досега од Агенцијата ниту е побарана ниту е одобрена промена на сопственичката структура на ‘1ТВ’“, се наведува во соопштението.

Изминатиот период, велат од таму, имајќи ги предвид последните случувања поврзани со „1ТВ“, Агенцијата почна низа активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во законот и во дозволата за телевизиско емитување. Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, се наведува во соопштението, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија./Makfax