20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рохани: Имаме докази коj го нападна нашиот танкер крај брегот на Саудиска Арабија, ќе одговориме

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека би било „голема грешка“ да се каже дека Техеран нема да одговори на мистериозниот напад врз ирански танкер што се случи пред неколку дена во Црвеното Море, кај брегот на Саудиска Арабија.

Тој во Техеран на заедничката прес-конференција со пакистанскиот премиер Имран Кан рече дека Иран сè уште го истражува инцидентот, како и дека има некои докази за тоа кој стои зад нападот, без да даде други детали.

Пакистанскиот премиер Кан изјавил дека неговата земја е против секоја војна меѓу Саудиска Арабија и Иран.

Кан, кој се обидува да посредува за намалување на тензиите меѓу Техеран и сојузниците на Ријад, разговараше со иранските власти во неделата во Техеран.

Тој, исто така, ќе ја посети Саудиска Арабија подоцна во текот на неделата./Makfax