5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Норберт Хофер: Австрија да го стопира доделувањето државјанство на Турците

Лидерот на Слободарска партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер верува дека Турција треба да сноси сериозни последици поради воената интервенција против Курдите.

„Турција ги напаѓа оние луѓе кои храбро се бореа против таканаречената Исламска држава, а светот не реагира. НАТО треба да ја исклучи Турција од воениот сојуз“, истакна Хофер.

Тој рече дека однесувањето, како што е она на Турција, мора да биде санкционирано.

Австрија, рече тој, исто така мора да реагира и да го стопира, како прва мерка, доделувањето државјанство на Турците.

Во изјавата, Хофер рече дека меѓународната заедница мора да ги прекине сите пратки со оружје во Турција.

„Воениот влез на Турција во Сирија не смее да биде дополнително охрабрен од натамошни пратки со оружје. Австрија ја прекина испораката на оружје уште во ноември 2016 година“, рече тој./Makfax

Спонзорирано: