6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гувернерот на Калифорнија забрани животни во циркусите

Гувернерот на американската сојузна држава Калифорнија, Гевин Њусом одобри закон со кој се забранува учеството на голем број животни во циркусите.

Законот не се однесува на настапи на дресирани кучиња, мачки и коњи.

Американската агенција наведе дека циркусите во САД бележат пад на популарноста, потсетувајќи дека најпознатиот циркус, „Ринглинг Брос енд Барнум едн Бејли циркус“ ја затвори својата врата во 2017 година по 147 години постоење.

„АП“ додава дека најмалку 18 циркуси во земјата не користат воопшто животни.

Демократскиот сенатор од Калифорнија, Бен Хуесо, кој претходно го предложи овој закон, во текстот наведе дека животните во циркусите се подложени на сурови тренинзи и изведувањето на претстави во присуство на голем број луѓе, може негативно да влијае врз нив./Makfax

Спонзорирано: