24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ги отфрлa обвинувањата дека ги крши човековите права на Ујгурите

Кина денес го отфрли како клевета обвинението на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека Пекинг ги крши човековите права на муслиманите, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Кенг Шуанг, го изјави ова на прес-конференција, но не го спомена конкретно Помпео.

Помпео изјави вчера во телевизиско интервју дека начинот на кој Кина постапува со муслиманите, вклучително и со Ујгурите од западниот дел на земјата, е „огромно кршење на човековите права“.

Тој рече дека Вашингтон ќе продолжи да зборува за проблемот./Makfax

Спонзорирано: