20.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ја ослободи руската новинарка

Иран ја ослободи руската новинарка Јулија Јужик, која беше уапсена минатата недела, соопшти денес руската амбасада во Техеран.

„Како резултат на здружените напори на руското Министерство за надворешни работи и амбасадата во Техеран, иранската страна одлучи да ја ослободи руската државјанка Јулија Јужик“, велат од амбасадата.

Јужик денес ќе се врати во Москва.

Портпаролот на иранската влада, Али Рабиеи, претходно изјави дека Јулија Јужик не била уапсена поради обвиненија за шпионажа, туку за кршење на визните закони и дека нејзиниот случај се разгледува по забрзана постапка.

Поранешниот сопруг на руската новинарка, Борис Војчеховски, претходно објави на „Фејсбук“ дека Јулија го повикала од притвор, тврдејќи дека се соочува со обвиненија дека шпионирала за Израел.

Според него, новинарката е во Иран од 1 октомври./Makfax