17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шведскиот крал го укинува кралскиот статус за пет внуци

Шведскиот крал Карл Густав го намали бројот на членовите на семејството кои ќе добиваат пари од буџетот, со тоа што одлучи да го прекине статусот на кралско височество за пет од неговите внуци.

Како што е најавено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности, пренесе Си-ен-ен.

Би-би-си наведува дека одлуката на кралот значи дека внуците на возраст од една до пет години, веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“ – апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од буџетот на земјата.

Одлуката не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, односно принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

Родителите на петте деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлен и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил, ја поздравија кралската одлука на социјалните мрежи./Makfax