8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ХИВ се шири со огромна брзина на Филипините – причина се апликациите за запознавање

ХИВ вирусот се шири со огромна брзина на Филипините од каде било во светот. Проценетата бројка на ново инфицирани во оваа нација во Југоисточна Азија е повеќе од двојно зголемена од 2013-та до 2018 година, достигнувајќи епидемски размери кај младите мажи, пренесува агенцијата за СИДА на Обединетите нации.

Здравствените работници мислат дека причина за тоа би можеле да бидат аликации за запознавање, кои промовирале промискуитет во земја каде традиционалните социјални норми ги спречиле луѓето да користат контрацепција и да учат за одговорни сексуални навики.

Повеќе од три четвртини од 67.395 лица на Филипините биле дијагностицирани како ХИВ позитивни во периодот од јануари 1984 година – кога првата инфекција се појави во земјата – до мај годинава.

Според Владата, околу 96% од луѓето дијагностицирани во текот на овој период од пет години заболеле од вирусот по сексуален пат. Повеќето од нив биле хомосексуалци или бисексуалци од 15 до 34 години.