Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Петар Грашо со два концерта во Филхармонијата

Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, по навистина долго време, ќе има свој солистички концерт и во Скопје. Иако насекаде во регионот Петар Грашо настапува во најголемите сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерта во најубавиот простор во Скопје, Македонската филхармонија, информираат од „Авалон продукција“.

Концертите ќе се одржат на 13 и 14 декемвври со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7 октомври, во 9 часот наутро, по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број ВИП-влезници по цена од 2.000 ден.

Ова е навистина уникатна можност, човекот што ги има испеано хитовите „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“ и уште многу други, и во моментот претставува хрватска институција, да го видиме во интимен амбиент во Скопје./Makfax

Во тренд