5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во шведските училишта нема да се предава историја постара од 18 век

Швеѓаните имаат намера да ја исфрлат целата историја постара од 18 век од училиштата и да ги концентрираат своите ученици на холокаустот, Хитлер, Втората светска војна и постмодерниот период од крајот на 20 век.

„Нема повеќе антички Рим, античка Грција, веќе нема да се учи за големото шведско царство“, објави шведскиот одбор за образование, кој предлага предметот историја да биде радикално изменет, пренесува порталот Свд.де.

Повеќе време во образованието се дава на прашањата за половите, климатските промени и миграциите, додека во повисоките одделенија, во кои одат ученици на возраст од 13 до 15 години, нема да се предава историја која датира од пред 1700 година, пренесува Б92.

Предложено е античка Грција, антички Рим и ерата кога Шведска била голема сила (1611-1718) и владеела со земјите околу Балтичкото Море да бидат избришани од историските учебници за најмладите.

Оваа намера, сепак, предизвика отпор од професорите по историја.

„Тоа е страшно, бизарно и апсурдно“, тврди историчарот Дик Харисон.

Тој посочува дека е принуден да реагира и укажува на фактот дека е потребна „античката историја“.