18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се преврте чамец во Егејското Mоре, загинаа дете и бебе

Четиригодишно дете и бебе се удавија при превртување на гумен чамец во кој се превезувале мигранти и бегалци во грчките води.

„Фронтекс“ и грчката крајбрежна стража покренаа потрага бидејќи исчезнати се четири лица, пренесе агенцијата АНА.

Досега спасени се 12 луѓе, соопштија властите, меѓу кои три деца.

Според информациите кои се достапни, во чамецот имало 18 лица.

Покрај крајбрежната стража и бродовите „Фронтекс“, во потрагата учествуваат и грчките хеликоптери.

Спонзорирано: