20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Песков се надева дека нема да ги објават транскриптите на Путин и Трамп

Москва се надева дека транскриптите од разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп нема да бидат објавени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако, оваа форма на објавување е невообичаена практика“, рече Песков, коментирајќи го објавувањето на транскриптот од телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој објасни дека ваквите разговори меѓу шефовите на држави, по правило, се доверливи или многу доверливи.

„Тоа е стандардна практика ширум светот и обично овој разговор не се објавува“, рече Песков.

Според него, во случајот со Украина, објавувањето на записот е направено со заемна согласност, пренесува ТАСС.

„Секако, би сакале да се надеваме дека во нашите билатерални односи, кои веќе имаат доволно сериозни проблеми, нема да дојде до ваква ситуација“, рече портпаролот на Кремљ.

На прашањето дали Москва ќе дозволи да се објават транскриптите од разговорите на Путин и Трамп, Песков рече дека нема универзален одговор, но дека секој случај треба да се разгледува одделно.

„Никој не ни се обратил со такво барање“, додаде тој.

Спонзорирано: