16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак

Фрнцуските медиуми денеска јавија дека починал Жак Ширак, поранешниот претседател на Франција.

Тој имаше 86 години.

Беше претседател на Франција во два мандата, во периодот од 1995 до 2007 година.

Во негово време Франција го прифати еврото како валута.

На 15. декември 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз.

Би-би-си наведува дека последните години на неговото владеење биле обележани со скандали со корупција.

За една од неговите најголеми реформи се смета скратувањето на претседателскиот мандат од седум на пет години.

Спонзорирано: