14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

ЕУ и Велика Британија ќе продолжат со разговорите за брегзит

Европската Унија денеска соопшти дека британските и европските преговарачи се согласиле да продолжат со разговорите за надминување на кризата за брегзит.

ЕУ соопшти дека техничките разговори се фокусирале на првиот сет концепти, принципи и идеи изнесени од Велика Британија.

ЕУ побара од Велика Британија да излезе со предлози за тоа како стоката може да продолжи да ја минува лесно границата со Ирска без скапи и долги проверки.

Европската комисија соопшти дека останува отворена да ги преиспита сите предлози за избегнување на тврда граница меѓу Ирска и Северна Ирска, што е предлог кој Велика Британија сака да го отстрани.