24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Талибанците презедоа одговорност за експлозиите Кабул

Движењето на Талибанците ја презеде одговорноста за експлозиите што го потресоа авганистанскиот главен град Кабул и провинцијата Парван утрово, пренесува „Ал џезира“.

Две експлозии го погодија предизборниот митинг на авганистанскиот претседател Ашраф Гани во провинцијата Парван, при што загинаа најмалку 24 лица, а 31 беа повредени.

Нешто подоцна, во центарот на Кабул се случи уште една експлозија, во која загинаа најмалку три лица, а повредени се уште неколку.

Претседателските избори, кои се одложени неколку пати, се очекува да се одржат во Авганистан на 28 септември. Ашраф Гани работи е претседател на земјата од 2014 година. Според уставот на Авганистан, претседател се избира за петгодишен мандат кој може да се продолжи еднаш.