15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шредер демонстративно го прекина интервјуто по новинарското прашање упатено до неговата сопруга

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (75) и неговата сопруга Сојеон Шредер-Ким (51) присуствуваа на гала-донација во Берлин кога новинар на РТЛ сакаше да ја праша госпоѓа Шредер за тужбата што поранешниот сопруг ја поднел против нејзиниот сегашен сопруг. Тоа не му се допадна на поранешниот канцелар, кој го прекина интервјуто.

„Во медиумите има наслови за тужбата на вашиот поранешен сопруг“, рече новинарот, но пред да успее да го постави прашањето, Шредер го прекина.

„Готово е“, рече Шредер и замина со својата сопруга.

Господинот Јун од Кореја, поранешен сопруг на петтата сопруга на Шредер, го обвини за браколомство и бара 75.000 евра отштета.

Според германски „Билд“, во времето кога Шредер ја запознал Сојеон, таа сепак била мажена за Кореанецот.

Јун го обвини поранешниот канцелар дека е виновен затоа што му пропаднал бракот и се развел во 2017 година.

Шредер и Сојеон се запознале во 2015 година на состанокот во Јужна Кореја, кога работела како преведувач, а во 2018 година таа стана негова петта сопруга по ред.