Не е предвиден состанок на претседателите на САД, Доналд Трамп, и Иран, Хасан Рохани, на маргините на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации овој месец, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи.
„Немаме предвидено таква средба и не верувам дека ќе се случи таква средба во Њујорк“, рекол Абас Мусави. Информациите за можната средба Трамп-Рохани тој ги нарече шпекулации.
САД претходно соопштија дека остануваат отворени за преговори со Иран, а Трамп ги отфрли наводите дека тој е спремен за состанок без никакви услови.
Трамп на „Твитер“ вчера напиша: „Лажните вести велат дека сум спремен на состанок со Иран, ‘без услови’. Тоа е неточно (како и обично)“.
Спонзорирано: