3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија распореди С-400 на Арктикот

Русија ги распореди противвоздушните ракетни системи С-400 „триумф” на архипелагот Нова Земја, соопшти прес-службата на Северната флота на Русија, пренесува „Спутник“.

Противвоздушната одбрана која се наоѓа на острвот Јужни е модернизирана со нов ПВО комплекс кој ќе го замени застарениот С-300 „фаворит“. Притоа значајно се зголемува контролираната зона на воздушниот простор над Арктикот.

Офицерите се веќе обучени за работа со С-400.

Прес-службата на Северната флота нагласи дека противвоздушниот ракетен систем С-400 успешно се користи во суровите врменски услови на крајниот север и веќе неколку години се наоѓа во Кољско Заполарје.

Спонзорирано: