17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 10 загинати при пожар во болница во Рио

Бројот на загинати при пожар во болница во Рио де Жанеиро се зголеми на десет, соопштија бразилските пожарникари.

Соопштено е дека хоспитализирани се и четворица полицајци, кои се бореле со пожарот во болницата Бадим, поради кој повеќе од 90 пациенти биле згрижени во други установи во градот.

Властите најавија истрага за причината за пожарот, кој го принуди персоналот брзо да ги евакуира пациентите.

Телевизиските снимки објавени од бразилските медиуми покажуваат како лекарите и полицајците ги евакуираат пациентите во инвалидски колички додека чад се шири од објектот на болницата.