22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Украина и Русија разменија 70 затвореници

Русија и Украина денеска разменија затвореници, што беше оценето како прв чекор кон постигнување мир во регионот на Донбас. И украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени денешната размена на затвореници како прв чекор во процесот за запирање на конфликтот во регионот Донбас.

Тој додаде дека со рускиот претседател, Владимир Путин договорил размена на затвореници и дека се надева на средба во скоро време во „нормандиски формат“, во која Франција и Германија ќе учествуваат заедно со Украина и Русија, за да се стави крај на конфликтите меѓу украинските и проруските сили.

Денеска во Киев со лет од Москва, пристигнаа 35 украински затвореници, меѓу кои и 24 морнари, кои беа уапсени во инцидентот во Керченскиот Теснец и режисерот Олег Сенцов.

Спонзорирано: