19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

(Видео) Трипуновски: Наместо пари за земјоделците, МЗШВ ќе купува кожни фотелји и автомобили

Со ребалансот на буџетот во делот на Министерството за земјоделство се предвидуваат дополнителни средства за кожни фотелји и автомобили, а помалку пари за земјоделците, обвини Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека земјоделците мака мачат како да најдат откуп за произведеното, додека ги чекаат ветените субвенции и мерките за дополнителна помош, Зоран Заев со неговиот ребаланс во делот на МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили“, рече тој.

Заев и Димковски, додаде Трипуновски, кратат и неверојатни 20 милиони евра од ставката за рурален развој од буџетските средства на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

„Оваа власт крати 1.5 милиони евра и од ставката за водостопанство, каде изминатиов период имаше сериозни проблеми кој што нанесоа огромна штета на земјоделското производство. Откако дојдоа на власт до денес, немаат реализирано ниту еден проект во водостопанството, како што проаѓа времето така гледаме дека и воопшто немаат план нешто да направат во овој сегмент“, рече Трипуновски.

Спонзорирано: