5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајфунот Линглинг усмрти три лица и предизвика големи штети во Јужна Кореја

Тајфунот Линглинг усмрти три лица и предизвика хаос во Јужна Кореја. Нема струја, насекаде има уништени згради, а одложени се и голем број летови.

Според последните информации, без струја останале околу 161.000 домаќинства. Ударот на тајфунот се чувствува во цела Јужна Кореја, а најмногу во западните делови на земјата. Се стравува дека тајфунот ќе предизвика големи штети во изолираната соседна Северна Кореја.

Една жена загинала откако била зафатена од силен ветер, југозападно од Сеул, јави новинската агенција „Јонхап“. Еден маж загинал кога на него паднал дел од ѕид во крајбрежниот град Инчеон, а друг маж загинал под делови од урнат покрив. Според информациите, има и десетици повредени.

Во Сеул ударите на ветер корнеле дрвја и ги дигале во воздух, па властите ги повикале жителите да не ги напуштаат затворените простории. Поради невремето биле откажани 300 летови. Линг линг е 13 тајфун ѓто го погодил Корејскиот полуостров оваа година.
Засега нема податоци за штети во Северна Кореја.